Ако сакате да го почнете денот со освежувачко смути, ова е идеален рецепт за вистинска витаминска бомба за будење на организмот.
Потребни состојки:
-1 банана
-половина шолја замрзнати боровинки
-1 шолја јогурт
-1 лажица мед
-половина лажица цимет
-4 коцки мраз
-млеко по желба
-сок од лимон
Подготовка:
Ставете сè во блендер, состојките добро да се измешаат. Додајте млеко за да ja добиете посакуваната густина.
Може да додадете и друго овошје по желба како јагоди, малини или капини.