Сезоната на лубениците е во ек и речиси сите го обожаваме ова неверојатно вкусно, нискокалорично и освежително овошје. Доколку ви здодеа да јадете резанки, можеби е време да испробате едноставен рецепт кој ќе ѝ даде поинаков шмек на лубеницата.
Се прави брзо и лесно, а вкусот е мошне освежителен.
Потребни состојки:
1 мала или ½ поголема лубеница (доколку надминува 5 kg)
340 g свежи малини
2 лажици свежо исечкано нане (околу 4-5 ливчиња)
Свежо исцеден сок од 1 лимета
Начин на подготовка:
Во подлабок сад ставете ја исечканата лубеница на помали коцки. Додадете ги малините, свежото сечкано нане и сокот од лимета.
Добро измешајте и оставете да се олади во фрижидерот најмалку 2 часа.