Младиот 19-годишен Харви Елиот го однесе Ливерпул во следното коло во ФА-Купот, откако на поправниот испит против Вулверхемптон неговиот гол го реши победникот на гостувањето на „црвените“ за минимален триумф со 1-0 во вечерашната пресметка.
Елиот погоди после само 13 минути со прекрасен гол од 25 метри, а Вулверхемптон не најде начин да се извади и за разлика од првиот меч кога контроверзно заврши пресметката со реми, имаа само еден директен шут во голот и една златна шанса која Адама Траоре ја промаши пет минути пред крајот на полувремето.
Ливерпул со пласманот во шеснаестинафиналето сега го чека дуел со Брајтон за осминафинале, ривалот кој изминатиов викенд на пулените на Јирен Клоп им одржа лекција со триумфот со 3-0