Семејната компанија на пратеникот Крсто Мукоски остварила огромни приходи од државни тендери за време на актуелната власт, покажуваат документите до кои стигна „Економски Лидер“, преку вкрстени проверки во Бирото за Јавни Набавки, УЈП и Централниот Регистар.
Додека Мукоски беше во притвор за настаните од 27 април, документите говорат дека семејната компанија на пратеникот, прилично добро соработувала со власта и добила три солени тендери од кои последниот е пред помалку од еден месец. Главните локации за бизнис им биле Струмица и Град Скопје.
Фирмата „АЛТУМ ДОО Вевчани“ која е во сопственост на фамилијата на пратеникот, вкупно за време на владеењето на Зоран Заев и СДСМ, од државни институции добила нешто над 10 милиони денари, односно 165.729 евра. Последните државни пари ги добиле пред помалку од еден месец, од Центарот за Развој на Југоисточниот плански регион – Струмица, од каде примиле над 100.000 евра.
„АЛТУМ ДОО Вевчани“ е градежна компанија, која е основана во 2008 од пратеникот Крсто Мукоски кој гласаше „За“ уставни измени со цел промена на уставното име. Историјатот во Централниот регистар, покажува дека во 2014, кога станал пратеник, Крсто Мукоски ја препуштил компанијата на неговиот татко Милан Мукоски кој е сопственик и неговиот брат Бобан Мукоски, кој е управител.
линк: Додека Мукоски беше во притвор