Ако имате многу акни кои не можете да отстраните со козметички средства, решението е лимонот. Сокот од лимон е ефикасен начин за отстранување на акни, но и спречување на нивно настанување. Памукот на топете го во сок со лимон и нанесете го на лице секој втор ден.
Ако вашата кожа е испукана и сува, наместо вообичаените средства за хидрирање на кожата може да направите паста од мед и сок од лимон, а потоа нанесете по лицето, рацете и нозете. Доколку пастата е многу густа додадете и неколку капки вода.
Кожата можете да ја хидрирате со мешање на сок од лимон и свежа кокосова вода. Со таа смеса потребно е да го миете лицето секое утро. Резултатите ќе бидат фантастични.
Темните наслаги на колената, лакти и прсти можете да ги отстраните со триење со свеж лимон.
Жолтите и кршливи нокти можете да ги отстраните со смеса од сок од лимон и маслиново масло. Смесата е потребно да се нанесе на нокти и да почекате 20-тина минути, а потоа измијте ги со топла вода.
Ако ви е темето суво, ве чеша и имате првут, повремено нанесете сок од лимон. Најдобро е тоа да се прави три пати неделно.
Сокот од лимон може да се користи за чистење на усните. Промешајте го со шеќер и намачкајте ги усните.