Лифт се откачи во зграда во Скопје, повредени четири момчиња

Loading...

Четири млади момчиња од Скопје се повредени откако се откачил лифтот во кој се наоѓале во зграда на улицата “Трифун Бузев“ во Скопје.
Околу 15:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ биле донесени 20-годишниот Н.М., 20-годишниот Ф.М., 21-годишниот О.Н. и 21-годишниот К.П. од Скопје, кои околу 21:55 часот, додека се возеле во лифт во зграда во изградба на улица “Трифун Бузев“, се повредиле откако лифтот се откачил.
Како што е пријавено, лифтот паднал од вториот кат во подрумските простории. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

loading...