Лосос со авокадо

4 парчиња лосос по 250 г
1 лажичка сол
1 лажичка кориандер
1 лажичка ким
1 лажичка црн пипер
2 авокада (излупени и исечкани на парчиња)
2 помали парчиња кромид
2 домати
сок од 1/2 лимон
маслиново масло и сол по вкус
Филетите лосос се мачкаат со маслиново масло, а потоа со предходно комбинираните зачини – солта, коријандерот, кимот и црниот пипер.
Така зачинетиот лосос се остава во фрижидер најмалку 30 мин.
Потоа филетите се пржат во загреана тава со маслиново масло по околу 3-4 мин од двете страни.
По сад се мешаат исечканото авокадо, тенко исечканите парчиња кромид и коријандерот.
Доматите се сечкаат на коцки и се додаваат во садот. Се додава сокот од лимон, маслиновото масло и солта и се добро се меша.
Оваа мешавина се нанесува над секое парче лосос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.