Се чувствувате постаро од своите години кога ќе станете наутро? Истражувачите од Универзитетот Ексетер во Англија велат дека тоа е така бидејќи не спиете добро.
Според главната авторка на студијата, д-р Серена Сабатини, лошиот квалитет на сонот е поврзан со негативното чувство во врска со стареењето, како што е чувството за старост и лошиот поглед кон стареењето.
Покрај тоа, луѓето кои слабо спијат можат да бидат посклони кон проблемите со своето здравје. Напоменуваат, дека лекувањето на проблемот со спиењето може да го подобри искуството со стареење.
Вкупно, 4.482 лица на возраст од 50 години биле вклучени во студијата. Учесниците добило дел од другата студија под името PROTECT, а целта била да се дознае што го штити когнитивното здравје кај луѓето кога стареат.
За време на истражувањето авторите забележале дека многу луѓе го коментираат квалитетто на својот сон и како тој им прави да се чувствуваат. Поради овие коментари, одлучиле на учесниците да им дадат прашалник за тоа колку е квалитетен нивниот сон.
Во прашалникот имало прашања за промените во памтењето, енергијата, самостојноста, мотивацијата и активноста. Учесниците на студијата го пополнувале прашалникот два пати, во разлика од година дена.
Кога истражувачите ги анализирале собраните податоци, откриле дека луѓето кои кажале дека нивниот сон е многу лош се чувстуваат постари. Исто така дека чувствувале дека лошо стареат.
Експертите кажуваат дека лошиот сон не само што прави да се чувствувате негативно во врска со стареењето, туку може да има лоши последици и врз вашето здравје.