Лошо се справувате со стресот и станувате анксиозни? Можеби ова е причината за тоа!

Некои луѓе се справуваат со стресот подобро од други, а еве како и зошто!
-Оние кои потешко го поднесуваат стресот можат да им се заблагодарат на своите родители за тоа, покажа новата студија.
Тим научници од Детската болница во Филаделфија откриле дека рецепторите во мозокот имаат клучна улога во тоа како реагираме на стрес. Тоа значи дека биологијата „одлучува“ како да се бориме со стресот многу повеќе отколку што го сфаќаме.
Научниците се фокусирале на S1PR3 рецепторот, за кој порано знаеле многу малку, а потоа учесниците во студијата ги ставиле во различни необични ситуации и забележале како реагирале. Резултатите покажаа дека оние кои имаат повеќе S1PR3 протеини подобро го поднесуваат стресот, т.е. се поотпорни на стрес и подобро реагираат на стресни ситуации.
Од друга страна, оние кои имаат пониско ниво на протеини на стрес реагираат анксиозно.
Експертите велат дека овие резултати се ветувачки затоа што би можеле да помогнат во правење нови третмани и лекови за стрес и анксиозност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.