Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 39-годишен тетовец на издржување на затворска казна во КПУ „Идризово“ – Скопје за кого постои основано сомнение деа сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.
На 29 декември, во напуштен објект на улицата „1737“ во Скопје, по вербална расправија, осомничениот со умисла на свиреп начин лишил од живот едно лице. Со оштетениот се сретнале во Градскиот трговски центар и тргнале во правец кон т.н. „Адвокатска улица“.
Во напуштениот објект започнале да се караат, па осомничениот од џебот извадил нож со кој на оштетениот му задал повеќе од 20 убоди во телото.
Поради сериозноста на повредите оштетениот починал, а осомничениот ги измил рацете и си заминал од местото на настанот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.