Лушпите од јајца се лек, а не ѓубре

Лушпата од јајце содржи 90% калциум и претставува најдобар извор на овој минерал. Телото лесно го апсорбира бидејќи лушпата од јајце според хемискиот состав е идентична со човечките коски и забите. Затоа не ги фрлајте лушпите од јајца!
Калциумот има бројни важни функции во работата на организмот. Освен што спречува остеопороза и создава коскена маса, калциумот ја нормализира работата на нервите и мускулите, ја регулира работата на срцето, оневозможува згрутчување на крвта, овозможува добар сон, ја подобрува работата на имунолошките клетки, а ги подобрува и квалитетот на кожата и косата.
За недостог на калциум во организмот виновни се многу фактори како физичка неактивност, кафе, алкохол и газирани пијалаци. На недостиг од калциум најмногу се склони бремените жени и жените во менопауза, повозрасните мажи, како и лицата кои имаат дигестивни нарушувања.​Препорачаната дневна доза е 1,5 до 3 грама измиена и мелена лушпа од јајце, во зависност од возраста.
За јакнење на организмот и чистење на крвта: 4-5 измиени и издробени лушпи од јајца се ставаат во тегла со 3 литри вода. Се остава теглата една недела во фрижидер. Се прецедува водата и се пие неколку пати на ден.
Лек за гастритис или чир: една лажица миени, мелени лушпи од јајца се мешаат со 1 лажица мелено морско оревче и 2 лажици лимонов сок. Се става смесата во тегла и се остава неколку дена во фрижидер. Откако лушпите целосно ќе се стопат се додава 100 мл топло млеко и се промешува. Се зема по една лажица наутро пред појадок, и навечер пред спиење.
Лек за штитна жлезда: 8 измиени лушпи од јајца се сушат, се мелат или ситно се дробат. Се ставаат во тегла и се преливаат со сок од 2 лимона. Се остава теглата во фрижидер додека лушпите да се стопат. Се процедува и се меша  течноста со 1 литар ракија и 1 килограм мед. Се остава да отстои уште една недела. Се зема по 1 лажица 3 пати на ден по јадење.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.