Една од урбаните легенди поврзана со Јосип Броз Тито и поранешна Југославија е секако онаа за песна која била толку депресивна што луѓето се самоубивале поради неа.
Неверојатна приказна ја следи нумерата „Плуча су ми болна“, која во 1950 година ја напишал Драгиша Недовиќ од српскиот град Крагујевац, кога дознал дека боледува од туберкулоза.
Многумина сметаат дека ова е една од најтажните песни што се некогаш снимени на просторите на Југославија.
Токму оваа песна била забранета лично од Јосип Броз Тито, бидејќи многу луѓе кои во тоа време се разболеле од туберкулоза се самоубиле.
Текстот на српски јазик, прочитајте го во продолжение:
“Pluća su mi bolna, zdravlja više nemam,
Jer su sasvim blizu, moji zadnji dani.
Živeću još danas, a možda i sutra
A onda zauvek, zbogom moj živote.
Nije meni žao, bednoga života
Jer ja sreće nikad, osetio nisam
Samo bol i patnja, gorke suze lio
U životu svome, srećan nisam bio.”