Лубеницата е многу здрава и одлична за хидратација на организмот, сепак една група луѓе не смеат да ја јадат.
Летото покрај убаво време и сонце носи и многу свежо овошје кое е идеално за разладување и дополнителна хидратација на организмот.
Лубеницата е многу освежувачка и вкусна, но и здрава. Богата е со магнезиум, цинк, калиум, витамин Б. Таа изобилува и со протеини, а има и многу малку калории, па во неа може да уживате колку што сакате без грижа на совест.
Консумирањето лубеница го поттикнува слабеењето, а се верува и дека може да има антиканцерогено делување. Лубеницата со средна величина содржи околу 92 отсто вода, така што е прекрасна опција за да бидете хидрирани во текот на жешките, летни денови.
Студија од 2019 година која испитувала влијание на консумирањето на лубеница на ситоста и телесната тежина кај прекумерната тежина кај возрасни, докажала дека оние кои секојдневно ја консумирале во текот на четири седмици чувствувале помалку глад и изгубиле повеќе килограми од групата која консумирала нискокалорични колачи. Сепак, без оглед на тоа што е здрава, не е погодна за сите луѓе, пишува „Web MD“.
Докторите велат дека консумирањето лубеница за една група луѓе може да биде лошо, а станува збор за дијабетичарите. Лубеницата е полна со природен шеќер, што може да предизвика зголемување на шеќерот во крвта.
Сепак, не треба целосно да ја исфрлат од исхраната. Можат да ја комбинираат со намирници кои се богати со здрави масти, растителни влакна, како јаткасти плодови или семки. Оваа комбинација од хранливи намирници може да им помогне на лицата подолго да се чувствуваат сити и да ја забават апсорпцијата на шеќер во крвотокот.