Пилешко, макарони и сос од индиски ореви – совршена комбинација.
Потребни состојки:
400 г макарони
300 г пилешки стек
Маслиново масло
Сос
150 г индиски ореви
250 мл вода
Половина лимон
Половина лажичка лук во прав
Сол и бибер
Начин на подготовка:
Индиските ореви оставете ги да отстојат во вода преку ноќ или во топла вода 1 час пред да почнете со подготовка на сосот.
Исцедете ја водата од нив и ставете го во блендер со зачини и полека додавајте вода.
Мешајте ги состојките додека да добиете соединета течност.
Во тава со масло пропржете го пилешкото месо, зачинете и пржете додека да добие златно-кафеава боја.
Прелијте го пилешкото со подготвениот сос и пропржете го на тивок оган неколку минути пред да се згусне сосот.
Сварете ги макароните или тестенините по избор, прелијте ги со сосот со пилешко и послужете со сезонска салата по желба.