Идеја за денешниот ручек.
Потребни состојки:
4 тенки парчиња сланина
Половина главица кромид
Половина пиперка
1 чили пиперче
Магдонос
Половина лимон
1 помал домат
Малку пармезан
250 г макарони
Начин на подготовка:
Исечкајте ја сланината на ситни парчиња. Исечкајте го кромидот на тенки кришки. Извадете ги семките од пиперката и исечкајте ги на тенки кругови. Исечкајте го магдоносот, исцедете лимон. Доматот исечете го на половина и извадете ги семките. Ставете вода за макароните, а откако ќе зоврие, додајте ги макароните.
Во тава додајте маслиново масло, а кога ќе се загрее маслото, додајте го кромидот. Промешајте, па додадете ги состојките.
Извадете малку од водата во која се варат макароните и додајте ги во тавата. Пред да бидат готови, префрлете ги во тава и промешајте. Додајте магдонос и повторно промешајте, па додајте сок од половина лимон, а потоа пармезан.