МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ ИМААТ НЕИСЦРПНА ЕКОНОМСКА ПРЕСПЕКТИВА

Loading...

ИНТЕРВЈУ СО КИРИЛ ЛАЗАРОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА

ПРАШАЊЕ: ПРИ КРАЈОТ Е ИЗБОРНАТА КАМПАЊА, СЕ ВЕТУВА СЕ И СЕШТО, ДАЛИ ВЕТУВАЊАТА НА ПАРТИИТЕ ИМААТ ПОДРШКА И РАЗБИРАЊЕ ОД СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ?

КИРИЛ ЛАЗАРОВ; ОНА ШТО ЈАС МОЖАМ ДА ГО КАЖАМ Е ДЕКА СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ СЕ ИЗМОРЕНИ ОД ИЗБОРИ. ПЕРЦЕПЦИЈАТА НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ, БАРЕМ СО ОНИЕ ШТО ЈАС КОМУНИЦИРАМ ОД ПОЗИЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНСКО – БУГАРСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА Е ДЕКА ВО НАШАТА ДРЖАВА ИМА МНОГУ ЧЕСТО ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, ТОА Е ЛОШ СИГНАЛ ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА БИДЕЈЌИ ТАА ОЧЕКУВА СТАБИЛНОСТ И ПРЕДВИДЛИВОСТ НА СРЕДЕН И ДОЛГ РОК, ПОГОТОВО КОГА СЕ НАЈАВУВААТ НЕГАТИВНИТЕ ЕФЕКТИ ПО ЕКОНОМИЈАТА ОД КОРОНА КРИЗАТА. ОНА ШТО Е ВАЖНО И КЛУЧНО Е ДЕКА ОНА ШТО ВЛАДАТА ЌЕ ГО ВЕТИ ИЛИ ПАРТИИТЕ ШТО ГО ПЛАСИРААТ ВО СВОИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПРОГРАМИ, НИЕ КАКО СТОПАНСТВЕНИЦИ ТОА ГО АНАЛИЗИРАМЕ И ВРЗ БАЗА НА ТИЕ ВЕТУВАЊА И ПОЛИТИКИ НИЕ ЈА КРОИМЕ НАШАТА СТРАТЕГИЈА И ЧЕКОРИ. ЗАТОА Е ВАЖНО ТОА ШТО ЌЕ СЕ ВЕТИ, ТОА И ДА СЕ РЕАЛИЗИРА ВО НАЈГОЛЕМ ДЕЛ. И, ДА НЕ СЕ ПРЕКИНУВА СО ЧЕСТИ ИЗБОРНИ ЦИКЛУСИ. ЗАТОА ШТО НЕ ПОСТОИ СЕРИОЗЕН ИНВЕСТИТОР КОЈ ЌЕ САКА ДА ИНВЕСТИРА ВО ПОЛИТИЧКО НЕСАТБИЛНО ПОДРАЧЈЕ. А , НАЈВАЖЕН МОМЕНТ БИ БИЛ ДА ПОЛИТИКАТА ВООПШТО ДА НЕ СЕ МЕША ВО БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА, ТУКУ ПОЛИТИКАТА ТРЕБА И МОРА ДА БИДЕ НАШ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР, АКО СЕ ИЗГРАДИ ТАКВА ВРСКА, ТОГАШ ДОВЕРБАТА ВО ИНВЕСТИТОРИТЕ ЌЕ БИДЕ НА НИВО ВО КОЕ НЕМА ДА БИДЕ ВАЖНО КОЈ ЌЕ БИДЕ НА ВЛАСТ. СЕКАКО ДЕКА НИЕ КАКО КОМОРА ИМАМЕ РАЗБИРАЊЕ ЗА ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОГРАМИ, СЕКАКО ДЕКА СУГЕРИРАМЕ И ИДНИ ЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ ВО ДЕЛОТ НА ДАНОЧНАТА  И ФИНАНСИСКАТА ПОЛИТИКА, И НИЕ ТОЧНО ЗНАЕМЕ КОЈ СЕ СТАТИСТИЧКИТЕ ПОКАЗАТЕЛИ И ЗНАМЕ ШТО Е НЕРЕАЛНО ВЕТУВАЊЕ  И ЗАТОА ЧЕСТО ЗАМОЛУВАМЕ ДА СЕ КРЕИРААТ ПОЛИТИКИ НА ЗДРАВА ЕКОНОМСКА ЛОГИКА И ВО ПАРТНЕРСТВО СО НАС.

ПРАШАЊЕ; КАКВИ ЕКОНОМСКИ ОДНОСИ ИМАМЕ СО БУГАРИЈА, ПОСТОИ ЛИ МОЖНОСТ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА И ИНВЕСТИЦИИ ВО ИДНИНА?

КИРИЛ ЛАЗАРОВ: МНОГУ Е ВАЖНО ЕКОНОМСКИТЕ ОДНОСИ ДА СЕ ТЕМЕЛАТ НА ВАЗАЕМНА ДОВЕРБА, РАЗБИРАЊЕ И КОМУНИКАЦИЈА. ТАА АТМОСФЕРА СЕКАКО ЗАВИСИ И СЕ ГРАДИ НИЗ ПРИЗМА НА ЗАТВОРЕНИ ПОЛИТИЧКИ, ИСТОРИСКИ И БИЛО КАКВИ ДРУГИ ПРАШАЊА. ТОА Е СИГНАЛОТ КОИ ИНВИСТИТОРИТЕ ГО ОЧЕКУВААТ НА КРАЈОТ НА ДЕНОТ. НИКОГАШ НИКОЈ НЕ БИ ИНВИСТИРАЛ АКО ИМА И САМО МАЛКУ АТМОСФЕРА НА БЛОКАДИ, КОНФИЛКТИ, КОРУПЦИЈА И СЛИЧНО. ОНА ШТО ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ ВО СТРАТЕГИСКА СМИСЛА НА ЗБОРОТ Е ДА СЕ НАЈДЕ НАЧИН КАКО ОВИЕ ПРАШАЊА ДА СЕ ЗАТВОРАТ И ГО ОБРЕМЕНУВААТ ОПШТЕСТВОТО. ЗА ЖАЛ МОЖАМ ДА КОНСТАТИРАМ ДЕКА ПРПУШТИВМЕ ЕДЕН ЗНАЧАЕН ПЕРИОД НА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА СО БУГАРИЈА. МНОГУ НИСКО НИВО ДО СЕГА НА ИНВЕСТИЦИИ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА КОЈА НЕ ПОВРЗУВА СО БУГАРИЈА. ОД НАША ПРЕПСЕКТИВА ТОА Е НАВИСТИНА ШТЕТА, БУГАРИЈА ИМА СИЛНИ ПРИСТАНИШТА И КОНЕЦИИ ПО МОРКИ ПАТ СО РУСИЈА, ТУРЦИЈА И ДРУГИ ЗЕМЈИ ОД ЕУ ЗАРАДИ СТРАТЕГИСКОТО ЗНАЧЕЊЕ НА ЦРНОТО МОРЕ И ТОА БИ БИЛО ФАНТАСТИЧНО АКО МОЖЕ ПРЕКУ СОЛУН ИЛИ ДРАЧ ДА СЕ ПЛАСИРААТ ГОЛЕМИ КОНТИГЕНТИ НА СТОКИ, УСЛУГИ И ПРОИЗВОДИ. ТОА Е ИДНИНАТА, НЕКОИ ДРЖАВИ ИЛЈАДНИЦИ КИЛОМЕТРИ СЕ ОДАЛЕЧЕНИ ОД ТАКА НАРЕЧЕНИТЕ СТРАТЕШКИ ЕКОНОМСКИ КОРИДОРИ И ВЛОЖУВААТ МИЛИЈАРДИ И МИЛЈАРДИ ВО ИНФРАСТРУКТУРА ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ, А НИЕ ОДЛЧЕНИ СТОТИЦИ КИЛОМЕТРИ ЕДНО ОД ДРУГИ НЕ УСПЕАВМЕ ДА СЕ ПОВРЗЕМЕ. И, ТОА Е ВАКА ЕДЕН СИГНАЛ ДО ИНВИСТИТОРИТЕ ДЕКА ТУКА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ВРТИ КРУПЕН КАПИТАЛ.

ПРАШАЊЕ: ШТО Е ОНА ШТО ТРЕБА ВЛАДИТЕ И ДРЖАВИТЕ ДА НАПРАВАТ ЗА ПОГОЛЕМО ЕКОНОМСКО И ИНФРАСТРУКТУРНО ПОВРЗУВАЊЕ?

КИРИЛ ЛАЗАРОВ: ТУКА САКАМ ДА АПОСТРОФИРАМ ЕДЕН ВАЖЕН МОМЕНТ. ВЕДНАШ ШТОМ СТАНАВМЕ ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА НАТО, И ГИ ПОТПИШАВМЕ КАКО ДРЖАВА ДОГОВОРИТЕ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО СО ГРЦИЈА И БУГАРИЈА, ИНВИСТИТОРИТЕ И ВО РЕГИОНОТ И ВО СВЕТОТ ПОЧНАА ДА ЈА МУЛТИПЛИЦИРААТ КОМУНИКАЦИЈАТА СО НАС КАКО СТОПАНСКА КОМОРА. ОНА ШТО ОХРАБРУВА Е ШТО ПОСЛЕДНИВЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ ЕВИДЕНТНО СЕ ИНВЕСТИРА ВО ИНФРАСТРУКТУРА И ЕКСПРЕСНО И ЖЕЛЕЗНИЧКО ПОВРЗУВАЊЕ СО БУГАРИЈА. САКАМ САМО ДА ОБЈАСНАМ НА ПОЧИТУВАНИТЕ ЧИТАТЕЛИ, ИНФРАСТРУКТУРНО ПОВРЗУВАЊЕ СО БУГАРИЈА ДАЛИ ПРЕКУ ЖЕЛЕЗНИЧКИ КОРИДОР ИЛИ АВТОПАТЕН ИЛИ ЕКСПРЕСЕН НЕ Е ПОВРЗУВАЊЕ САМО СО БУГАРИЈА, ТОГАШ СТРАТЕШКИ И МНОГУ БРЗО СЕ ПОВРЗУВАШ СО ЦРНОТО МОРЕ И СИТЕ ДРЖАВИ КОИ ГРАВИТИРААТ ОКОЛУ ЦРНО МОРЕ, НО И СО ТУРЦИЈА, РУСИЈА И ДР. НО, ТАКА ЈА ПОВРЗУВАШ И АЛБАНИЈА , КОСОВО, ЦРНА ГОРА , ПА И ДЕЛОВИ ОД ГРЦИЈА СО МАКЕДОНИЈА, БИДЕЈЌИ ТИЕ САМО ПРЕКУ МАКЕДОНИЈА МОЖАТ ДА СТИГНАТ БРЗО И ЕФИКАСНО АКО СЕ ИМА СООДВЕТНА ИНФРАСТРУКТУТА. ТПОА ЗНАЧИ ЗА НАС МНОГУ ПАРИ, КАПИТАЛ И ДВИЖЕЊЕ. ТУКА САКАМ И ДА ЈА ПЛАСИРАМ МОЖНОСТА ЗА ЕНЕРГЕТСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА РЕГИОНОТ СО ПОСТОЕЧКИТЕ ГАСОВОДИ И НАФТОВОДИ СО БУАГРИЈА , РЕСУРСИ КОИ И ТЕ КАКО ПАК ЌЕ ПРАТАТ СИГНАЛИ КОН СЕРИОЗНИ ИГРАЧИ ВО БИЗНИСОТ НИЗ СВЕТОТ АКО ИМААТ ДОСТАПНОСТ ДО ЕФТИНА И ЧИСТА ЕНЕРГИЈА.

ПРАШАЊЕ: МОЖЕ ЛИ ДА НИ КАЖЕТ НИЗ БРОЈКИ КАКО ОДИ ЕКОНОМСКАТА РАЗМЕНА СО БУГАРИЈА, ИНВЕСТИЦИИ И ТРГОВИЈА

КИРИЛ ЛАЗАРОВ: ЌЕ ДАДАМ САМО ЕДЕН КРАТОК ВОВЕД, ИМЕНО, ЕКОНОМСКИТЕ РЕЛАЦИИ ПРЕСТАВУВААТ НЕИЦРПЕНИ МОЖНОСТИ И ШАНСИ ЗА НАШИТЕ КОМПАНИИ. СОГЛАСНО ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПОДАТОЦИ ОБЈАВЕНИ ОД ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА, ОБЕМОТ НА ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ЗА 2020 ГОДИНА БЕЛЕЖИ РАСТ ВО ИЗНОС ОД 108,4% СО ИСТИОТ ПЕРИОД ЛАНИ. ВКУПНИОТ ОБЕМ НА ТРГОВСКА РАЗМЕНА Е 9 МИЛИЈАРДИ И 785 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, ДОДЕКА ЗА ИСТИОТ ПЕРИОД ЛАНИ  БИЛ 9. 024.882 ДЕНАРИ, А ИЗВОЗОТ БЕЛЕЖИ РАСТ ОД 102,8% СПОРЕДБЕНО СО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2019 ГОДИНА, А УВОЗОТ БЕЛЕЖИ РАСТ ОД 113,3% СПОРЕДБЕНО СО ИСТИОТ ПЕРИОД ЛАНИ. И, ЕДЕН МОШНЕ ВАЖЕН ПОДАТОК ВО ОДНОС НА КОРОНА КРИЗАТА, НАЈМАЛ ПАД ИМАМЕ ВО ТРГОВИЈАТА СО БУГАРИЈА ВО ОВИЕ МЕСЕЦИ. ЗАТОА Е ВАЖНО ДА СЕ СОЗДАВА ДОВЕРБА И ВЗАЕМНА СОРАБОТКА НА СЕКОЕ ПОЛЕ, БИДЕЈЌИ НА БИЗНИСОТ САМО ТОА МУ Е ВАЖНО. ОЧЕКУВАМ ВО ПЕРИОДОТ ШТО СЛЕДИ ЕДНА СЕРИОЗНА КОМПОЗИЦИЈА НА ИНВЕСТИЦИИ ОД ПРИЈАТЕЛСКА БУГАРИЈА КОЈА ЌЕ ДАДЕ СЕРИОЗЕН ИНПУТ ВО РАСТОТ НА ВРАБОТУВАЊЕТО И НА РАСТОТ НА БРУТО ДОМАШНИОТ ПРОИЗВОД

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...