Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повтори ставот на Париз дека е неопходно да се избегне ескалација на Блискиот Исток.
Тој исто така рече дека е важно да се спротивставиме на напорите на Иран за дестабилизација на регионот, објави Елисејската палата, пренесува Ројтерс.
Макрон, како што се додава, му рекол на израелскиот премиер дека Франција сака итен и траен прекин на огнот во Газа, како и да работи на намалување на тензиите на границата меѓу Израел и Либан,