Земете длабоко воздух. Задржете го здивот. Држете го уште малку. Сега полека испуштете го воздухот од белите дробови. Се чуствувате подобро? Добро, но ова не е единствената антистрес техника која може да ја применувате.
Мали трикови или кратки совети
-Силно отворете ја устата, задржете ја така барем 15 секунди. Повторете ја постапката неколку пати. Овие затегнувања и опуштања на мускулите на лицето ќе направи да ви се намали напнатоста околу вратот.
-Вдишете длабоко. Оближете ги усните, па полека испуштајте здив. Ладниот воздух ќе ви помогне да се смирите.
-Набавете си тапа од плута. Ставете ја меѓу забите и нежно загризувајте. На овој начин ќе ви се опушти вилицата, а со тоа и главата.
На долг рок
-Имате обврски (работни, семејни или хоби), секогаш имајте план.
-Немојте да заборавите да направите и план Б.
-Потпрете се на пријателите.
-Немојте да носите одлуки без советување со личност која е успешна во областа на животот која вам ви предизвикува стрес.
-Немојте да ги игнорирате финансиите, тие често знаат да бидат причина број еден за стрес.