Човекот кој во пијана состојба во саботата предизвика сообраќајна несреќа на хрватскиот остров Вир во која загина млада мајка (24) е Иван Бакиќ, 29-годишен модел од Задар.
Тој денеска е донесен на распит во просториите на Жупаниското државно правобранителство во Задар.
Обвинителството ќе го испитува за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици. Нему му се заканува затворска казна од 3 до 15 години.
Измерени му биле 1,75 промили алкохол во крвта и уапсен е по несреќата во која животот го загуби млада мајка (24), додека таткото и трите деца се тешко повредени. Најтешка е ситуацијата со 3-годишното момче.
– Сите членови на семејството на жртвата ја поминаа ноќта добро, стабилно, нема влошување, што е најважно – изјави д-р. Недељко Јовиќ од задарската болница.
– Тригодишното момче се уште се бори за живот, засега нема никакви компликации, но неговата состојба е се уште тешка и неизвесна – вели Јовиќ.
Во објавите на социјалните мрежи од 2015 година може да се забележи дека Бакиќ бил модел и на Армани и дека неговите фотографии биле објавени во јапонското издание на магазинот „GQ“.
Во истите изданија се наведува дека негова агенција била Major Model Management од Милано, пишуваат хрватските медиуми.