Состојки
1кг пилешко месо, стек
4 лимони
За маринадата
150 гр доматно пире
1 сокод лимон
1 кора од лимон
1/2китка магдонос
1лажичка свежо мелен црн бибер
50мл маслиново масло
50мл масло од репка
1 главица кромид
2 чешниња лук
прстофат зачин сува пиперка во прав
Рецептот е интересен. Кој обожува зачинета храна, тогаш еве добра идеја.
Пилешкиот стек го пределуваме на половина, на потенки парчиња.
Го спремаме сосот во кој ќе го маринираме месото.
Во садот ги ставаме зачините и доматното пире.
Доматното пире го додаваме да даде густина на маринадата.
Потоа го додаваме пасираниот кромид и лук.
Од лимонот го цедиме сокот и го додаваме во садот.
Се додаваат маслата и се промешува.
Од вториот лимон ја рендаме кората на ситно, па ја додаваме во смесата.
Доколку не е доволно течно додаваме малку вода.
Промешуваме.
Солта ја додаваме на крајот заедно со ситно сецканиот магдонос.
Во садот ги пуштаме парчињата месо и веднаш ги редиме на ненамастена тава. Можете да користите и грил тава.
Доколку ви лепи можете да ставите неколку капки масло.
Пржете ги додека не заруменат.
Додека ги пржите ставете половинки од лимон во тавата, за да го пие сокот од месото, да се карамелизира и даде убав вкус.
Кога е готово и сервирано, лимоните користете ги за попрскување на месото по вкус.
Во текот на пржењето можно е да изгледа дека стекот е готов поради маринадата, но проверете го добро да не остане жив.
Сервирајте го по ваша желба. Јас го сервирав со пире од слатки компири.
На здравје