Марко Ројс го засилува Манчестер јунјатед?

Најмалерозниот германец Марко Ројс, ѕвездата на Борусија Дортмунд, кој поради повреди ги прескокна сите големи турнири за „панцерите“ во својата кариера, наскоро би требало да биде најновото засилување на Манчестер јунајтед, објавуваат низа британски медиуми.

Според информациите, Ројс кој е во последните шест месеци од договорот со „милионерите“ не сака да го продолжи договорот на „Сигма Идуна Парк“, па неговите менаџери веќе се во преговори со англискиот великан.

Ројс се поврзуваше и со заминување во саудиски Ал Наср кај Кристијано Роналдо, но наводно сака да остане во Европа, а Ерик Тен Хаг би добил уште едно големо засилување во нападот зашто станува збор за извонреден офанзивец.

Пронајдете не на следниве мрежи: