Мафини од бадемово брашно! Идеално колаче за оние кои се на диета!

Мафините направени од брашно од бадем не содржат лактоза или пченица, поради што се варат лесно, пишува австралискиот портал „најдобри рецепти“.
Состојки:
2 чаши брашно од бадем
2 лажички прашок за пециво
1 прстофат сол
1/4 чаша вода
1/4 чаша маслиново масло
1/3 чаша шеќер
3 јајца
1 чаша боровинки
Постапка:
Во сад измешајте ги сите состојки освен боровинките и внимателно измешајте ја смесата, а потоа истурете ја во калапите. Посипете боровинки врз смесата. Печете на 180 степени околу 20 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.