Потребни состојки:
-100 г мек путер
-100 г шеќер
-1 ванилин шеќер
-2 јајца
-150 г јогурт
-270 г брашно
-1/2 пакување пециво
-малку сол
-200 г боровинки
-шеќер во прав
Начин на подготовка:
Подгответе ги сите состојки и калапот за мафини. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.
Шеќерот и путерот изматете ги, па додадете ги јајцата едно по едно, јогуртот и на крајот брашното измешано со сувите состојки..
Мешајте за убаво да се соединат состојките, на крајот додадете ги боровинките и измешајте со лажица. Калапите наполнете ги со тестото, но не ги преполнувајте. Печете 25 минути, откако ќе се оладат посипете ги со шеќер во прав.