Мафини со мармалад

5 јајца
4 лажици мед
220 г брашно
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
4 лажици рум
изрендана кора од 1 портокал
200 мл кокосово масло
300 г мармалад од кајсии
100 г шеќер во прав
Во сад измешајте ги јајцата со медот и ванилиниот шеќер. Додадете ги румот, изренданата кора од портокал, брашното измешано со прашокот за печиво и стопеното кокосово масло и измешајте ги состојките со лажица.
Нанесете ја смесата во калапи за мафини, во кои сте ставиле хартиени корпички. Во секоја смеса  додадете по лажичка мармалад и прекријте со преостанатата смеса.
Печете 20 минути на 180 степени или додека мафините добијат златно-кафена боја.
Извадете ги мафините од калапите, оставете да се изладат и наросете ги со шеќер во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.