Мајами во потера по апсолутниот рекорд

Loading...

Кошаркарите на Мајами, во Филаделфија, со победата од 98:94, стигнаа до 20-та последовна победа.Актуелните шампиони до победата ги предводеа Леброн Џејмс со 27 поени, осум асистенции и седум скокови, односно Двејн Вејд со 21 поен и осум скока. Мајами, ја има најдолгата победничка низа оваа сезона во НБА лига, 20 победи по ред се нов клупски рекорд, па се поставува прашањето дали ’жешките’ можат да го соборат рекордот кој го држат ЛА Лејкерси.’Езерџиите’ во сезоната 1971/1972 забележале 33 победи по ред што е апсолутен рекорд во НБА лигата, на второто место на вечната листа се наоѓа Хјустон, оваа екипа пред пет сезони нанижа 22 победи.До крајот на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата Мајами ќе одигра уште 19 натпревари.
МакфаксКошаркарите на Мајами, во Филаделфија, со победата од 98:94, стигнаа до 20-та последовна победа.

loading...
Loading...