Потребни состојки:
260 гр брашно
100 гр какао
1 и ¼ лажички сода бикарбона
¼ лажичка прашок за печиво
3 јајца
250 гр шеќер
250 гр мајонез
1 лажичка екстракт од ванила
220 мл вода
Начин на подготовка:
Измешајте ги брашното, какаото, прашокот за печиво и сода бикарбоната. Во посебен сад измешајте ги јајцата, шеќерот, ванилата и мајонезот со миксер, па додајте ги смесата од брашно и какао и водата и измешајте сè заедно.
Турете ја смесата во плех за печење намачкан со масло и набрашнет, а потоа печете на температура од 170 Целзиусови степени околу половина час.
За да ја направите тортата поубаво декорирана, можете да ја посипете со шеќер во прав или да ја премачкате со чоколадна глазура.