„МВР во координација со јавен обвинител работи на откривање на сторителот. Се очекува и наодот од обдукцијата“, информираа вечерва од Јавното обвинителство
Министерството за внатрешни работи (МВР) во координација со јавен обвинител работи на откривање на сторителот на убиството на 67-годишниот матичен лекар од Скопје, соопштија вечерва од Јавното обвинителство.
Дополнително, оттаму додаваат дека се очекува и наодот од обдукцијата на телото на лекарот.
„МВР во координација со јавен обвинител работи на откривање на сторителот. Се очекува и наодот од обдукцијата“,
информираа вечерва од Јавното обвинителство.
Безживотното тело на 67-годишниот матичен лекар од Скопје со повеќе убодни рани на него беше пронајдено доцна вечерта на 21 март во неговиот автомобил на паркингот кај поликлиниката „Железара“. Смртта на лекарот ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.