По налог на Кривичниот суд, МВР попладнево распиша потерница по Никола Груевски кој се бара за отслужување на двегодишната затворска казна за случајот “Тенк“.
-Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12 ноември 2018 година во 16.30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. МВР веднаш откако му е доставена постапува по наредбата се вели во информацијата од Кривичен суд.
Во петокот беа направени три обиди од судски курири да му ја врачат одлуката, а такви обиди беа направени и денеска.