Потпретседателот на ДУИ и предводник на „Огнената група“, Изет Меџити за ТВ21 ја искоментира одлуката на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за именување на Бујар Османи за координатор на огранокот Чаир.
Тој за ТВ21 вели дека одлуката е неуставна, бидејќи не поминала низ партиски органи.
„Добро е да го прашаме господинот Ахмети за овие политички разлики и тенденцијата да се замолчат различните мислења! Затоа што и ова е нестатутарно решение, кое не е поминато на партиските органи“, изјави Меџити во изјава за ТВ21.