Пратеникот Антонијо Милошоски се спаси од прогон за предметот „Моќник“, а со него, и неговиот татко Милош Милошовски кој беше обвинет. Ова доаѓа со измените на Кривичниот законик. Предлогот го дал обвинител, а бил прифатен од судечкиот судија. Во предметот беа обвинети уште 11 лица.

„Судот, постапувајќи по предлогот на јавниот обвинител и согласно одредбите на КЗ, донесе решенија со кои за обвинетите постапката се запира заради застареност, додека за тројца од обвинетите, судењето за кривично дело измама, продолжува на следната расправа насрочена за 09.11.2023“, се вели во соопштението на Основен кривичен суд.
По ова, Антонијо Милошоски објави фотографија со татко му под која напиша дека седнале да пијат ракија.
- Културните работници на протест: „Љутков, колегите ќе те паметат дека ја уби културата“
- Израел изградил тајна база во ирачка пустина без да добие дозвола од Багдад
- Рокас: Сите заедно и со реформите ќе го направиме решителниот чекор да станете дел од семејството на Европската унија
- (Видео) Токсичен дожд врз руски град, украинците велат дека последните напади ги откриваат слабостите на руската воздушна одбрана
- Германските аеродроми предупредуваат: Поради цената на керозинот ќе има поскапи билети и откажани летови



