Потребни состојки:
3 пакувања бисквити
1 лажица растопен путер
1 мало јајце
50 г крем сирење
2 големи лажица кисела павлака или јогурт
1 голема лажица шеќер
Малку путер
Начин на подготовка:
Измелете ги биксвитите. Премачкајте ја шолјата со путер. Додајте ги мелените бисквити, а потоа прелијте со лажица растопен путер.
Изматете го јајцето. Додајте крем сирење, кисела павлака или јогурт и лажица шеќер и промешајте.
Ставете ја шолјата во микробранова и оставете ја на 60 секунди. Извадете ја тортата и оставете да се излади на собна температура. Потоа со нож одвојте ја од шолјата, ставете ја на чинија и ставете ја во фрижидер да се лади.
Украсете со овошје по ваша желба.