Овој зимски десерт се служи со кафе или чај.
Состојки:
5-6 белки
1 шолја шеќер
Половина шолја брашно
1 шолја масло или стопен путер
Малку сецкани ореви
100 гр. сецкано суво овошје
Малку кора од портокал
150 гр. шеќер во прав
Начин на подготовка:
Изматете ги белките со шеќер. Додајте ги сите останати состојки и внимателно мешајте. Смесата треба да биде без грутки.
Во правоаголнo тавче наросено со брашно ставете ја смесата. Печете на 170 степени, околу 15-20 минути.
Откако ќе се излади, наросете со шеќер во прав.