Честитки до новата дополнителна сила на македонската Армија!
Треба секој да запомни дека лидерството не е само авторитет, лидерството е инспирација, давање пример и негување на работна средина во која секој ќе може да напредува и да води со мудрост, храброст, одлучност и да се носат одлуки со чесност и интегритет, кои пак ќе ги отсликуваат вредностите што ја дефинираат нашата Армија.
Во наредниот период, имаме шанса заедно да придонесуваме за уште поголем развој на македонската Армија, а јас како министер ќе се заложам за вложување и развој на човечките капацитети, унапредување на условите за работа, унапредување на стандардот за припадниците на Армијата и модернизација на Армијата.
Да продолжиме да ги славиме успесите, стремејќи се кон извонредност, секој во својата служба, со една цел – За Македонија!
Да живее Македонија!
Да живее Армијата!, пишува Мисајловски во својата објава.