Властите на американската сојузна држава Мисисипи официјално го ратификуваа 13-тиот амандман на Уставот на САД по 148 години од неговото донесување, а отсуството на соодветната ратификација било откриено дури по прикажувањето на филмот „Линколн” (Lincoln) на Стивен Спилберг, јави ноќта кон вторникот интернет страницата на телевизиската мрежа FoxNews.
Амандманот, со кој се потврдува забраната на ропството во САД, бил ратификуван од страна на Конгресот во 1865 година и стапил на сила на 18-ти декември истата година. Во тоа време некои јужните држави одбиле да го прифатат 13-от амандман, а меѓу нив била и Мисисипи. Како што пренесува телевизијата, гласањето за ратификување на амандманот во Мисисипи се одржало дури во 1995 година, но и тогаш процесот на укинување на ропството не бил завршен.
Недостатокот бил откриен од доцентот на Универзитетот Мисисипи, Ранџан Батра. Тој, според FoxNews, по гледањето на филмот „Линколн” есента 2012, која ја раскажува приказната за животот и делото на Абрахам Линколн, легендарниот американски претседател од Граѓанската војна, одлучил да ги провери официјалните документи за ратификацијата на 13-от амандман во неговата држава. На изненадување на научникот, неопходните списи и потврда за ратификацијата на амандманот од страна на владата на сојузната држава не можел да ги пронајде во државниот архив.
Соработниците на универзитетот контактирале со властите на државата Мисисипи, испраќајќи барање за потребните документи во архивата. Дури на 7-ми февруари 2013 година, тие добиле одговор од архиварите дека документот ги добиле, и затоа „државата Мисисипи го ратификувала 13-от амандман од Уставот на САД”.
Абрахам Линколн е првиот претседател на САД од Републиканската партија. Линколн бил против ропството, поради што по неговата победа на претседателските избори во 1860 година, седум јужни држави прогласија отцепување од САД. Тогаш 13 јужни држави формираа Конфедерација на Јужните држави на Америка, а потоа започна граѓанската војна меѓу нив и Северот (1861-1865). Како резултат на Граѓанската војна, со многу жртви по висока цена било сочувано единството на САД и укинато робовладетелството
Макфакс
Властите на американската сојузна држава Мисисипи официјално го ратификуваа 13-тиот амандман на Уставот на САД по 148