Пред шест дена, на 4. март, германски авион полета од аеродромот во Франкфурт и слета на московскиот аеродром Внуково. Тој останал таму 2 часа и 21 минута, а потоа одлетал назад во Германија, но не во Франкфурт, туку во Нирнберг, пренесува eng.lsm.lv, веб-страницата на латвиската јавна радио и телевизија на англиски јазик.
Станува збор за авион „Bombardier Challenger 604“ во сопственост на чартер компанијата FAI AG, со седиште во Нирнберг, наведува Flightradar.
Бидејќи практично од почетокот на војната веќе нема летови од ЕУ за Русија (и обратно), овој лет привлече големо внимание кај корисниците на социјалните мрежи кои нашироко шпекулираа за што точно се работи и за кого овој авион превезуваше.
За да биде мистеријата уште посочна, програмата Panorama на летонската телевизија (ЛТВ) на 6. март објави дека во авионот се наоѓало лице од Русија – лице кое, според нив , е под санкции од Западот, пишува eng.lsm.lv.
Сепак, ЛТВ не го спомна идентитетот на лицето, а Латвиската агенција за цивилно воздухопловство соопшти дека името на патникот не е објавено во планот на летот. Тие додадоа и дека станува збор за лет за медицинска евакуација, што е дозволено според прописите на ЕУ.
„Во овој случај, овој лет имаше статус на „Медевац“, што значи лет за медицинска евакуација. Значи, се чини дека тој бил во согласност со правилата. Меѓутоа, бидејќи се работи за јавен интерес, Агенцијата за цивилно воздухопловство како мерка на претпазливост побара информации од другите земји членки за овој лет“, соопшти Аивис Винцевс, еден од лидерите на Летонската агенција за цивилно воздухопловство.
Тој посочи и дека авионите на државата под санкции може да влезат низ воздушниот простор во кој вообичаено им е забрането да поминуваат во случај да имаат сериозни технички проблеми кои ги принудуваат да го променат правецот.
Инаку, латвиското радио и телевизија наведува и дека авионот што на 4. март полетал за Москва е истиот со кој рускиот опозициски лидер Алексеј Навални пред три години го превезуваше од Русија во Германија, откако беше отруен. Се наведува и дека вакви летови за медицинска евакуација имало и претходно.
„Имаше случаи кога на морнарите, државјани на Руската Федерација, им се слошило на бродовите и им била потребна итна медицинска евакуација. Дури и во такви случаи, земјите-членки дозволуваат користење на нивниот воздушен простор“, појасни Винчевс.
Каква била природата на очигледно итната медицинска ситуација поради која лицето под санкции било транспортирано од Москва во Нирнберг, не беше откриено. Инаку, многу познатата болница Universitätsklinikum Erlangen, која се наоѓа на листата на 100 најдобри болници во светот, се наоѓа на 25 километри од аеродромот во Нирнберг. Станува збор за болница позната по клиниката за трансплантација на органи, каде се лекуваат пациенти од целиот свет.
Пронајдете не на следниве мрежи: