Митови за конзервираната храна: Ова се најчестите заблуди кои треба да ги заборавите

Сите секако сакаме да се храниме здраво и сите сакаме што повеќе свежа храна на менито. Многумина, со цел да се хранат поздраво, ја одбегнуваат конзервираната храна која се смета за нужно лоша храна.
Но, еве на кои митови треба да заборавите:
Мит 1: Конзервираната храна содржи конзерванси
Зборот конзерва потекнува од латинскиот збор “conservate” што значи “да се сочува нешто”. Затоа конзервираните намирници не содржат конзерванси туку нивната поента е – зачувување на храната и нејзините здрави состојки.


Конзервираната храна не мора да содржи конзерванси и најчесто и не ги содржи бидејќи расипувањето се спречува со термичка стерилизација.
Мит 2: Со конзервирањето се губат нутритивните вредности
Често се смета дека конзервираната храна нема нутритивна вредност, но во реалноста таа не отстапува многу од свежите намирници.
На пример, конзервираната туна или сардина се природно богати со омега-3 масни киселини токму како и свежата риба. Рибите не ги губат протеините, витаминот Д, калциумот ниту омега-3 масните киселини.
Мит 3: Металната амбалажа не е добра по здравјето
Во денешно време се користат повеќекратно тестирани метали кои не испуштаат штетни хемикалии во храната. Исто така, металната амбалажа може да се рециклира.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.