Мицковски го одржа најтажниот протест во историјата на партијата

Loading...

 Мицковски го одржа најтажниот протест во историјата на партијата

„Вечерашниот дебакл е најдобар доказ дека Христијан Мицкоски нема никаква поддршка во партијата. Неговиот авторитет е неповратно загубен, а натамошното узурпирање на функцијата само ја носи партијата во пропаст“ е наведено во соопштението што го издаде вечерва Иницијативниот одбор за промени во партијата.

„Само пред неколку дена граѓанската иницијатива „Доста е“ во Тетово собра неколку илјади граѓани на протести против покачената цена на струјата, а Мицковски со целокупната партиска структура на ВМРО-ДПМНЕ не успеа да мобилизира повеќе од 1.500 луѓе“, пишува понатака во соопштението.

„Доколку чувствува барем малку почит кон ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски мора да се повлече, да свика вонреден конгрес и да дозволи ново и поспособно раководство да ја придобие поддршката на народот. Нашата партија во минатото беше способна само со еден скопски комитет да изнесе повеќе народ на улица.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...