Мицковски не ви верувам! Вашето однесување направи да не ви верувам!

Не знам можеби уште слават Мицкоски, Каракамишева, нивните новинарски поддржувачи, ама само додека народот ги поддржува како политичари, Неделковски и Нонковиќ, штабските глувчиња, преговарачка победа на ВМРО ДПМНЕ на која се добиле избори по Пржински Модел, а ништо околу референдумот дури не се ни преговараше, или многу малку, некаде почетоков на летото, но сакам да му поставам неколку прашања на професорот! Извинете што вознемирувам!
Професоре до каде е училиштето во Тетово за кое ги оставивте парите за кампања за референдумот, а излезе дека владата имала средства за тоа? Еве заладува не е лошо да не информирате!!! Професоре дали мислите дека со кампања Бојкотирам, Игнорирам, Апстинирам како сакате наречете ја, не е до зборот до пораката е, и исходот од референдумот ВМРО ДПМНЕ и нејзините пратеници сами по себе ќе беа на победничката страна? На страната на Народот! Дали тоа немаше да биде огромен, огромен,притисок врз овие пратеници кои извршија предавство?
Дали вашата интелегенција не ви навестуваше дека тоа што распишуваат не обврзувачки референдум затоа што беа свесни дека ќе немаат цензус и најмалку Заев три четири пати најавуваше дека без разлика на исходот од референдумот решение ќе има во Собранието, дека вашите пратеници ќе бидат под силен невиден притисок и што презамавте Вие да го спречите тоа?
Професоре имате ли направено анализа Вашата одлука секој да гласа по сопствено убедување со колкава бројка допринесе во бројката од 660000 или колку беа точно не знам излезност на референдумот? Ве прогласија ли за радикален, ве затворија ли, од 30 септември наваму, кога застанавте на страната на Бојкотирам? После возвратното писмото кон Амерот го земаа ли штабот?
Професоре како е можно да се исклучат пратениците кои гласаа За, што по мене е исправна одлука а во пакет со нив да не се исклучи Митко Јанчев? Затоа што тоа сериозно ќе ви го задрма Лидерското Место? Не професоре грешка сте! Извинете!
Тоа што не влегувате во директен судир со тие што цела година директно работат против Вас, (ние што пишуваме против вас, но само за доброто на ВМРО ДПМНЕ сме ситна боранија) и претставувате лажно единство и те како ја љуља вашата фотеља!!! Имав две три понуди од мои драги браќа да присуствувам на средби со Вас кои тие ги имаа, им одговорив дека јас немам што да разговарам со Вас!
Затоа што не ви верувам! Не затоа што не сакам! Не затоа што имам интерес да не ви верувам!
Затоа што вашето делување, раководење, дејствување во оваа измината близу една година не кореспондира со вашите цитати, Аманети и слогани, а еден од нив е „Македонија ќе победи”. За жал ништо не направивте изминатиов период тоа да биде така! Напротив! Имате огромна дамка после гласањето во Собранието дека сте соучесник во предавството! Кога Претседателот на ВМРО ДПМНЕ не знам колку пати има кажано дека ВМРО ДПМНЕ нема да гласа за промена на Устав со цел промена на Име, а се случува спротивното мора да понесе одговорност дека лажно ги смирувал симпатизерите,јавноста, да не се организираат!
Имајќи ја во предвид Вашата огромна интелегенција се надевам дека сте свесен за тоа!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.