Говорејќи пред присутните на настанот во струшко Калишта, на кој беа и членови на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата, меѓу другото, лично им се обрати и им порача дека секој еден од нив ќе добие шанса бидејќи не сака да го задржува потенцијалот на луѓето околу себе. Им рече оти ја имаат неговата доверба, но дека ќе ја имаат и неговата жестокост без пардон доколку кој било од нив влезе во „коруптивни или заткулисни игри“
Интересно е како една заклетва на претседателот на Републиката може да го сврти вниманието на целата грчка и европска јавност, а нашето непринципиелно чекање во чекалницата пред Европската Унија повеќе од две и половина децении, со платени високи цени за влез, никако не се коментира ниту е предмет на чиј било интерес.
Ова, меѓу другото, беше дел од говорот што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска го кажа од пред црквата Св. Богородица во стушко Калишта, на свеченоста по повод одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
„Свесен сум и за објективните слабости во потенцијалот на институциите, во присуството на корупцијата и акутната неспособност за резултати на власта во заминување, но Македонија плаќа скапа цена поради блокадите на соседите, иако го делиме и заслужуваме заедничкиот европски сон кој е нашата заедничка цел“,
порача Мицкоски од Калишта.
Во тоа постојано чекање, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, „се губи нашето достоинство и се удира и по нашата самодоверба и колективно самоопределување“.
„Ако го говорам ова не значи дека се откажувам од тој сон, зашто и Македонија е Европа и го полага правото за членство во Унијата. Зашто мал, но многу значаен дел од колективата крепост на Европа ѝ припаѓа и на Македонија, татковината на Св. Климент и Наум, на Св. Лидија Македонката, Св. Еразмо Охридски, Горги Кратовски, Злата Мегленска и многу други светители. Врз овие грамадни имиња се потпира и нашата света Македонска православна црква-Охридска архиеископија која ја има и ќе продолжи да ја има мојата поддршка во борбата за сочувување и идентитетско самоопределување, согласно заложбите и апелите на г.г Стефан“,
рече Мицкоски во обраќањето на настанот на кој присуствуваше и поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.
Мицкоски порача оти следува ново поглавје во кое државата ќе ѝ се врати на народот, а тоа, како што рече, ќе биде втемелено на одговорност, морал и вредности.
„За брзо ќе имаме нова влада. Тоа го посакувавме од првиот ден на оваа наша напорна и голема битка. Но, формирањето на владата е лесниот чекор, зашто крупните чекори мора да бидат резултатите кои мораме да ги испорачаме. Многумина од вас овде се гледаат на различни позиции, функции и места, но никогаш тоа за мене не преставувало билет за добар живот, туку обврска за голема одговорност на тој кој ја дава оваа власт, а тоа е народот. Бидете свесни дека секое ваше потрфлање ќе биде разочарување на народот и луѓето чии дланки ги стиснавме во нашата повеќегодишна битка за ставање на крај на ова владеење“,
порача Мицкоски.
Говорејќи пред присутните на настанот во струшко Калишта, на кој беа и членови на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата, меѓу другото, лично им се обрати и им порача дека секој еден од нив ќе добие шанса бидејќи не сака да го задржува потенцијалот на луѓето околу себе. Им рече оти ја имаат неговата доверба, но дека ќе ја имаат и неговата жестокост без пардон доколку кој било од нив влезе во „коруптивни или заткулисни игри“.
!function(f,b,e,v,n,t,s){if(f.fbq)return;n=f.fbq=function(){n.callMethod?
n.callMethod.apply(n,arguments):n.queue.push(arguments)};if(!f._fbq)f._fbq=n;
n.push=n;n.loaded=!0;n.version=’2.0′;n.queue=[];t=b.createElement(e);t.async=!0;
t.src=v;s=b.getElementsByTagName(e)[0];s.parentNode.insertBefore(t,s)}(window,
document,’script’,’https://connect.facebook.net/en_US/fbevents.js’);
The post Мицкоски: Интересно е како една заклетва на претседателот на Републиката го сврте вниманието на грчката и европската јавност, а не се коментира нашето чекање пред ЕУ appeared first on 365.com.mk.
Пронајдете не на следниве мрежи: