Мицкоски нема да биде “шпицен”, ќе биде носител во првата изборна единица

Во интервју за порталот “Република”, Христијан Мицкоски открива дека на следните парламентарни избори нема да биде “шпицен кандидат за премиер”, туку ќе биде носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица.

– Јас роден во Скопје, тука сум израснат, живеам во општина Карпош која е дел од изборна единица еден и логично е тоа да биде единицата во која што ќе ја предводам листата на ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски.

Мицкоски вака не логицираше на претходните парламентарни избори кога беше убеден дека ќе биде премиер, па на билбордите и партиските плакати се појавуваше како “шпицен” кандидат за премиер, додека други членови на партијата беа носители на листи во изборните единици.

На претходните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата добија 315.344 гласови, што резултираше со 44 мандати, односно два пратеника помалку од колаицијата на СДСМ која тогаш освои 46 мандати.

Засега датумот за изборите е непознат, барем за јавноста, но се шпекулираат неколку можни варијанти во април и мај. Власта не отстапува од ставот дека претседателските избори треба да бидат одвоени од парламентарните избори.

Пронајдете не на следниве мрежи: