Моди положи заклетва како премиер на Индија, почнува неговиот трет мандат



Индискиот премиер Нарендра Моди, придружуван од официјални лица од неговата партија и водачи на неговата коалиција, на церемонијата по повод неговата официјална инаугурација вети дека ќе биде лојален на уставот на Индија

Нарендра Моди, лидерот на хинду-националистичката партија Бхаратија Џаната (БЈП), денеска официјално положи заклетва како премиер на Индија трет последователен мандат.

Церемонијата, на која 73-годишниот Моди положи заклетва, се одржа во официјалната резиденција на индискиот претседател во Њу Делхи, со 1 300 гости и лидерите на соседните земји Бангладеш, Непал, Шри Ланка и Малдиви.

Нарендра Моди, премиер на Индија / Фото: EPA-EFE/RAJAT GUPTA

Моди, придружуван од официјални лица од неговата партија и водачи на неговата коалиција, на церемонијата по повод неговата официјална инаугурација вети дека ќе биде лојален на уставот на Индија.

Хинду-националистичката партија на Моди владееше целосно во изминатата деценија, но овојпат не успеа да ги повтори претходните две убедливи победи. Наместо тоа, Моди беше принуден да преговара со Националната демократска алијанса (НДА), 15-члена коалиција, за да го собере потребниот број пратеници за владеење.

На парламентарните избори во Индија, кои почнаа на 19 април и се одржаа во седум фази, од кои последната беше на 1 јуни, право на глас имаа околу 970 милиони гласачи. Изборите ги одбележаа рекордни температури, кои предизвикаа десетици смртни случаи.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: