Мора да одиграме на повисоко ниво со Црногорците



Македонскиот фудбалски репрезентативец Милан Ристовски смета дека ги чека сериозен испит и натпревар против тежок противник против кого мора да се одигра на повисоко ниво.

„Одигравме добар натпревар, имавме контрола, доминиравме во поголемиот дел, но за жал по едно наше невнимание примивме гол и на крајот одигравме без победник.

Против Црна Гора нè чека тежок натпревар, играме против квалитетна селекција и за да бидеме конкурентни ќе треба да одиграме на повисоко ниво. Секогаш сум самокритичен и сметам дека може да се даде повеќе на терен. Така требаше да биде и со Молдавија, да постигневме уште некој гол сигурно ќе стигнеме во посакуваната победа“, рече нашиот напаѓач.

Натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора се игра в понеделник со почеток од 18:00 часот.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: