Моќен напиток на Ана Ивановиќ поради кој речиси и да не старее: Поранешната тенисерка го открива својот таен еликсир на младоста

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ важи за една од најубавите жени, а како што поминуваат годините, се чини како таа воопшто да не старее.

Ана многу се грижи за својата нега на лице и тело, а своевремено се пишуваше дека таа не може да го замисли својот ден без мача чај.

Имено, станува збор за јапонски зелен чај во прав којшто носи многу благодати за нашиот организам.
Поранешната тенисерка вообичаено чајот го консумира ладен, а го обожува поради тоа што го намалува стресот, па со самото тоа спречува настанување брчки на лицето.

„Го обожувам прекрасното дејство на мача чајот. Тој го намалува стресот и ја подобрува концентрацијата, меморијата и расположението“, истакнала оваа дама.
Мача чајот е хранлив, нискокалоричен напиток којшто содржи многу биоактивни соединенија, како што се:

  • рутин;
  • кверцетин;
  • кофеин;
  • хлорофил.

Исто така овој чај во изобилие содржи витамини А, Ц и К, железо и растителни влакна.

„Мача чајот содржи и голема количина на антиоксиданти, како флавоноиди и полифенол коишто го поддржуваат имунолошкиот и кардиоваскуларниот систем, но и когнитивните функции“, вели Михо Хатанака, диететичар од Портланд со потекло од Јапонија.
Една од најважните состојки на мача чајот е катехин, којшто ја подобрува менталната активност и концентрацијата, но исто така спречува и прерано стареење на клетките, а тоа е клучот на младоликоста.
Од друга страна, овој напиток го забрзува метаболизмот, па многу е препорачлив за оние кои сакаат да ослабнат. А витаминот Ц и антиоксидантите го јакнат имунитетот. Освен тоа го намалуваат и ризикот од срцеви заболувања.

Мача чајот има и растителни компонентни како што се флавоноид кверцетин и рутин кои го прават одличен сојузник на чајот во борбата со дијабетесот.
Експертите препорачуваат една шолја од овој чај дневно за максимално да ги искористите сите негови бенефити. А, се подготвува од само една ќесичка прав.

Поранешната тенисерка на својот Инстаграм профил во една прилика го покажал и својот омилен оброк.
„Започнете ја годината со здрава чинија. Мојот омилен рецепт: брокула, морков, сладок компир, хељда или кафеав ориз, виолетова зелка, ротквица, краставичка и зелена салата. Додадете го омилениот прелив и уживајте во оброкот“, напишала Ана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.