Потребни состојки:
1,5 кг компири
500 г пилешко бело месо
1 кромид
3 јајца
400 мл јогурт
100 г кашкавал
50 г пармезан
Сол и бибер
Начин на подготовка:
Исечете го пилешкото месо на ситни коцки. Пропржете го ситно исечканиот кромид, па откако ќе добие убава боја додајте го пилешкото месо, посолете, зачинете и динстајте околу 10 минути.
Излупете ги компирите, исечете ги на кругови со средна големина. Варете ги околу 7 минути, па процедете.
Изматете ги јајцата, додајте јогурт и посолете. Премачкајте ја тавата со масло. Додајте компири, па нарендајте кашкавал. Потоа, ставете го пилешкото месо, додајте ја смесата од јајца и јогурт и пак кашкавал.
Ставете го остатокот од компирите, додајте рендан пармезан и прелијте со остатокот од смесата од јајца и јогурт.
По желба може да додадете и малку сечкан магдонос. Печете на 180 степени околу 30 минути.