Мус со чоколадо и чили

Поинаков десерт – вистинско задоволство за непцата.
Потребни состојки:
150 г млечно чоколадо
250 мл слатка павлака
1 лажица мелено чили
Малку мелен ѓумбир
2 белки
30 г сечкани бадеми
Начин на подготовка:
Одвојте 50 г од слатката павлака, загрејте ја и додајте чили и ѓумбир, па оставете да зоврие. Тргнете ја на страна за да се излади.
Растопете го чоколадото на пареа, а потоа тргнете го на страна за да се излади. Изматете ги белките со миксер во цврст снег. Остатокот изматете го во шлаг, па додајте го во слатката павлака со зачини и растопено чоколадо. Потоа лесно промешајте ги белките. Распоредете го мусот во чинии за сервирање и ставете ги во замрзнувач за да се стегнат. Пред сервирање декорирајте со сечкани бадеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.