Хејли Бибер, модел и сопруга на пејачот Џастин Бибер, често зборува за бракот со познатиот пејач, а неизбежни се и прашањата за проширување на семејството. Хејли секогаш одговараше искрено, а сега беше поискрена од кога било кога станува збор за нивните најинтимни работи, како што е темата за децата.
– Буквално плачам за ова цело време. Многу сакам деца, но се плашам. Доволно е луѓето да ме озборуваат мене и мојот сопруг но, не можам да замислам луѓето да зборуваат лоши работи за моето дете“, искрено изјави Хејли во новото интервју за The Sunday Times.
Хејли и Џастин се венчаа многу млади, таа имаше 21, а тој 23. Џастин неколку пати нагласи дека ќе раскине со Хејли бидејќи сè уште не сака деца.
Би сакал да имам мал наследник. Но, тоа е нејзино тело и нејзина одлука. Но, мислам дека Хејли сè уште има некои работи што сака да ги постигне пред децата, и мислам дека таа сè уште не е подготвена. И тоа е во ред – изјави Џастин во шоуто со Елен Деџенерис.
Пронајдете не на следниве мрежи: