Постојат намирници кои не треба да ги консумирате наутро, на празен желудник. Bright Side направи листа на намирници со кои не треба да го почнете денот.
Млечни производи
Можеби ќе се изненадите, но јогуртот, млекото или другите млечни производи не се баш препорачливи да ги консумирате веднаш наутро. Внесувањето млечни производи има мал бенефит за организмот кога ги консумираме на празен желудник.
Домати
Содржат високо ниво на танин што доведува до зголемување на киселоста во стомакот, а за последица тоа често има појава на гастритис.
Зелен зеленчук
Иако спанаќот, блитвата, кељот, зелката се здрави намирници, нутриционситите не предлагаат да се консумираат наутро. Богати се со аминокиселини и можат да предизвикаат киселини и болка во горниот дел од стомакот.
Лиснато тесто
Кај нас е навика или култура на живеење печива наутро, како кроасани и лиснати кифли но треба да ги избегнувте бидејќи маргаринот, како и квасецот можат да предизвикаат подуеност.
Намирници кои се препорачуваат на празен желудник: домашна овесна каша, палента, јајца, интегрален леб, мед.