Сирово месо, пилешко, мисиркино месо и јајца никогаш не треба да ги миете пред готвење.
Кога ќе ги купите овие намирници во продавница веројатно ви се чини како добра идеја да ги измиете пред да почнете со подготовка. Но, Центарот за контрола и превенција на болести ве предупредува да не го правите тоа.
Миењето на сировото месо, пилешко и мисиркиво ќе предизвикува бактериите да се рашират на вашата работна и други површини во кујната.
Истражувањата исто така укажуваат на тоа дека миењето на месото ги зголемува шансите за контаминација.
Избегнувајте да го миете сировото месо бидејќи потенцијално опасните и штетни бактерии може да се рашират на работната површина и може многу лесно да дојде до контаминација.
Исто така, не треба да ги миете јајцата оти може да се пренесат штетни бактерии како што е салмонелата од надворешната страна на јајцето на внатрешната.
Бактериите исто така може да влезат во внатрешноста на јајцата што е идеално опкружување за развој на бактерии. Јајцата имаат природен заштитен слој кој ги штити од бактерии, а кој се уништува со миење.