Наоми Кембел, иконата на светското манекенство, неодамна повторно стана мајка на 53-годишна возраст. Веста за доаѓањето на нејзиното второ дете беше објавена на нејзиниот Инстаграм профил.
Наоми сподели прекрасна фотографија на која нежно го лулка новородениот син додека нејзината едногодишна ќерка ја држи за рака.
Заедно со сликата, Наоми напиша и емотивни зборови кои трогнаа многумина.
Во својата објава на Инстаграм, манекенката истакна дека никогаш не е доцна да се стане мајка. Таа ја изрази својата бескрајна љубов кон својот мал син и го опиша како вистински благослов од Бога.
– Мил мој, знај дека си сакан надвор од сите граници и опкружен со љубов од моментот кога нè удостои со твоето присуство, вистински дар од Бога, благословен! Добредојде момче. Никогаш не е доцна да станеш мајка, напишала Наоми.
Нејзината храброст да се отвори за оваа лична радост предизвика лавина од пораки за поддршка и честитки. Многумина се восхитуваа на нејзината храброст и одлучност да продолжи со мајчинството во нејзините подоцнежни години.
Сепак, Наоми не го откри името што го избра за својот син.
Оваа вест е особено значајна бидејќи Наоми Кембел стана инспирација за сите жени кои сакаат да станат мајки, без разлика на возраста. Таа покажа дека љубовта кон детето не познава граници и дека мајчинството е прекрасен подарок кој може да се реализира во секој момент од животот.