Вчера низ полицисиките станици во Скопје било пријавено за неколку напади врз малолетници. Нападите се случиле во скопските општини Аеродром, Карпош и Гази Баба
Вчера било пријавено во 12.00 часот во Полициската станица Карпош, од страна на В.А.(45) од Скопје дека на 14.08.2024 околу 21.50 во станбена зграда на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од С.М. од Скопје.
Другата пријава е во Полициската станица во Аеродром каде, М.Д.(51) од Скопје пријавила дека околу 00.10 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во 17.30 часот во СВР Скопје, Х.Д.(30) од Скопје пријавил дека во градинка на подрачјето на Гази Баба, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.